Трослојниот паркет е природно дрво кое дава топлина и удобност во домот и е лесен за одржување. Трослојниот паркет е составен од три слоеви на дрво: горен слој составен од чисто 100% тврдо дрво, среден слој составен од вкрстени летвици со цел да се обезбеди стабилност на секоја даска, последниот слој е балансирачки слој кој дополнително ја зголемува стабилноста и спречува одделување на даските.
- долготраен стабилен и сигурен под
- погоден за подно греење
- фабрички заштитен со површински третман.